Екологија
Tuesday, April 9, 2013
Екологијата е научна дисциплина која ги изучува заемните
односи на живите организми и нивната интеракција со животната средина. Темите
на интерес на еколозите вклучуваат изучување на составот, поделбата, количината
(биомасата), бројот, состојбите на промена во организмите во рамки на
екосистемите и помеѓу нив. Екосистемите се составени од делови кои динамично си
дејствуваат и ги вклучуваат организмите, заедниците кои тие ги формираат и
неживите компоненти на нивната животна средина. Процесите на екосистемите како
што се првичната продукција, педогенеза, циклусот на хранливите материи и
разновидни активности кои вклучуваат создавање на нишите, го регулираат
протекот на енергија и материја во животната средина. Овие процеси се одржани
од биолошката разновидност. Биодиверзитетот се однесува на разновидноста на
видовите во екосистемите, генетските варијации помеѓу нив и процесите кои се
функционално збогатени од разновидноста на еколошките интеракции.
Екологијата е интердисциплинарна област која во себе ја
вклучува биологијата и науката за Земјата. Терминот “екологија”
("Ökologie") за прв пат е воведен во 1866 година од германскиот
научник Ернст Хекел (1834г. - 1919г.). Старите грчки филозофи како Хипократ и
Аристотел ги поставиле темелите на екологијата како дисциплина во нивните
истражувања за историјата на природата. Кон крајот на 19-тиот век екологијата
преминува во сериозна научна дисциплина. Еволутивните концепти за адаптација и
природна селекција станале темели на модерната еколошка теорија. Екологијата не
е синоним со животната средина, енвироментализмот, историјата на природата или
со науката за животната средина. Повеќе може да се поврзе со еволутивната
биологија, генетиката и етологијата. Разбирањето на меѓусебните интеракции на
биолошката разновидност и еколошките функции е значаен фокус на интерес во
еколошките проучувања. Еколозите се трудат да ги објаснат:
Животните процеси и адаптации
Распространетоста и бројноста на организмите
Движењето на материите и енергијата во заедниците
Сукцесивниот развој на екосистемите и
Изобилството и поделбата на биодиверзитетот во контекст на
животната средина.
Екологијата е исто така и наука за човекот. Практичната
примена на екологијата е во заштита и зачувување, управувањето со водите и
водните станишта, управувањето со природните ресурси (агроекологија,
земјоделство, шумарство, агрошумарство, рибарство), просторно планирање (урбана
екологија), здравството, економијата, основната и применетата наука и
социјалната комуникација на луѓето (антропогена екологија). Екосистемите
одржуваат биофизички реакциони (фидбек) механизми со кои ги прилагодуваат
метаболичките стапки и еволутивните динамики помеѓу живите (биотски) и неживите
(абиотски) компоненти на планетата. Екосистемите одржуваат функции за
поддржување на животот и произведуваат природен капитал преку регулацијата на
континенталната клима, глобалните биогеохемиски циклуси, филтрацијата на
водата, почвите, храната, влакната, лековите, контрола на ерозијата и многу
други природни карактеристики на научната, историската, економската или
суштинската вредност.
Subscribe to:
Posts (Atom)